ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ВЕСЕЛИ ПРАЗНИЦИ, ПЛАТЕТЕ ГО ДАНОКОТ

Новогодишните празнувања се редовно директно поврзани со зголемена трговска активност на правни и физички лица. Без разлика што правите, за празнувањата да минат весело, управата за јавни приходи потсетува дека сите имаат даночна обврска којашто треба да биде пријавена и подмирена.

Сезонските празници подразбираат и сезонска заработувачка и од тие на кои трговијата со добра и услуги им е основна дејност и на многумина кои користат шанса за краткотрајна зарабодувачка. Предновогодишнио, новогодишни, постновогодишни, божиќни, предстароновогодишни… јасно е, забави доминираат во угостителскиот сектор.

„Во екот на овие предновогодишни, новогодишни и поновогодишни празнувања имаме поголема раздвиженост и исто така поголема дејност, особено кај угостителите, тие организираат специјални настани по тој повод, дневни или вечерни. Во тие случаи доколкуи за настанот имаат влезница, делат ваучери треба истите да ги бележат во фискалниот апарат т.е да издадат фисклана сметка за наплатеното. Карактеристично за нив во овој период е доколку ангажираат музичари физички лица имаат обврска да склучат договор за повремено или привремено вршење на дејност со музичарот и на основ на тој договор да поднесат пресметка во нашиот систем за да го платат данокот на личен доход. Обврската значи е на угостителот, на правниот субјект. Музичарот има само обврска да го потпиши договорот и да му го отстапи тоа право и обврска на субјектот којшто го ангажирал, во случајот угостителот односно правниот субјект.

Тера: И тоа се однесува без разлика на колку е ангажиран? Дали на со денови за време на новогодишните празници или свирка на еден саат?

Муневски вели „Да без разлика, затоа што станува збор за хонорар којшто се оданочува, подлежи на данокот на личен доход независно колкав е периодот. Олеснителна околност е ако имаат агенда или календар на настанот којшто трае подолго, тогаш го прават договорот за цел период. Ако е само за еден настап, тогаш исто. “

 

Угостителите имаат обврска и да соработуваат со Агенцијата за заштита на авторските права кога се работи за репродуцираната музика. Законот за регистрирање на готовинските плаќања, членот 2 налага сите правни субјекти кои прават промет и плаќање во готово да издаваат фискални сметки, а прометот да го бележат во книгите за дневен финансов извештај и, најдоцна по 24 часа да го внесат во банка. Ако тоа не се направи, законот вели – глоба.

„Прекршочни одредби се активираат, согласно Законот за даночна постапка, Законот за прекршоци, па така ако се изрече глоба парична казна и се плати од страна на прекршителот во рок од 8 дена, во тој случај се преполовува казната, користиме еден т.н начин на порамнување, а во случај ако одбива да плати, тогаш се поднесува барање до Комисија за прекршоци и се изрекува забрана за вршење дејност од 15 дена. Исто така, Управата врши контроли на целата територија на Македонија и може да се случи кај еден ист даночен обврзник независно што бил контролиран или не, повторно да оди контрола и , ако со контролата се констатира повторно ист прекршок, тогаш не се оди со парична казна, прекршочна одредба како за нов сторител на прекршокот, туку се изрекува забрана за вршење дејност во времетраење од 30 дена. Во тој случај не гуи само државата, не гуабат само граѓаните од неплатениот данок туку губи и самиот трговец, или угостител затоа што е затворен баш во периодот  кога може да оствару многу голем промет.

Новогодишните празнувања се исполнети со настани кои се случуваат на улица, базари на секое ќоше, се нудат мали, најчесто рачно изработени производи соодветни за празнувањата. Ако правно лице закупило штанд, тие мора да си го понесат фискалното апаратче и да се однесуваат како бизнисот да го водат во своите деловни простории, вели даночникот Муневски. „Физичките лица кои учествуваат на вакви настани, со поставување на тезга на која продаваат некои разчни изработки, некои изработки кои се однесуваат на храна и пијалаци имаат обврска да поднесат барање за паушално оданочување за вршење на дејност од времен карактер. Значи за периодот кога се со тезгата на просторот. На основ на тоа барање, УЈП изготвува решение со утврдени аконтации, во прилог на решението добиваат и налози за да го платат паушалот којшто не е некој значаен но е добар заради борба со нелојална конкуренција. “

Празнувањата ја зголемуваат туристичката понуда за која е потребно и сместување, а тоа е уште една категорија даночни обврзници кои внимателно треба да ги прават своите чекори – лицата кои изнајмуваат недвижен простор.

„Карактеристично за овој период којшто е вонреден период е тоа што се јавуваат тие коишто издаваат имот на подолг период, треба да прават една стартна пресметка и пресметан е и тој период, вклучително и празничниот. Во случај кога се јавува издавање под закуп на соби, апартмани, станови за одмор и рекреација токму за овие празнувања , дури и на еден ден да е издаден, преку Booking, Кајак, ФБ  итн. Физичките лица кои го издаваат имаат обврска да пријават  во УЈП и да платат на тоа даноок, независно што дел од имотот е , како што рековме, покриен со пресметка за цел период. Овде, издава соба, вила, апартман само за дочек на Нова година на пример , и за тој период парите што ги зеле во вид на закупнина тоа да го пријават.Регуларното пријавување на закупнината е на основ на договор склучен со закуподавачот и закупопримачот и таму е цитиран износот на закупнината којшто се плаќа месечно, тримесечно или годишно. Ако закупот е помал од 30 дена не бараме да има договор, но да се бележи во книгата на гости и износот којшто е примен од тој гостин да се пријави и да се оданочи. За Управата е важно приходите коишто се остварени од закупнини да бидат оданочени. На примената сума се рачуна данок од 10% но се одземаат нормирани трошоци во зависност од тоа дали станот е наместен или е празен. Ако е наместен се одбива 15% од закупнината, ако не е 10%.

Муневски денеска имаше едукативна порака и до граѓаните. Вели, составен дел од даночната свесност е да се бара фискална сметка, да го побараат соопштението за фискалната што трговците и угостителите мора да го стават на видно место, и, во категоријата „право и обврска“ на граѓаните е да ги пријават субјектите кои не издале фискална. Како на Запад, во Швајцарија на пример.

„Кога ќе ги анализираме состојбите  во развиените земји како Швајцарија или Америка кадешто велат – неплаќањето на данок е поголем грев од некој друг, тоа е знак колку тие работеле на свеста и колку луѓето се свесни дека неплаќањето на даноци се одразува на квалитетот на живот. Можеби кај нас години наназад свеста поинаку се градела во смисла дека немаме директна противуслуга од плаќање на даноците туку индиректно користиме некои услуги коишто ги дава државата. Меѓутоа, ние како Управа за јавни приходи во нашиот дел настојуваме и работиме на тоа да се менува свеста, плаќањето на даноци не значи директна противуслуга туку индиректно користење на јавните добра, бесплатно образование, здравство, користење на патишта итн. Па се надеваме дека сите заедно ќе се избориме да се менува свеста од една страна, а од друга сите чинители во државата ќе работат во таа насока, дека плаќањето на даноци не значи само обврска туку и привилегија да се учествува во градење на едно побогато опптество, подобро организирано општество.

Муневски денеска ни кажа дека достапна е и брошура за оданочување на доход од закуп и подзакуп и, прерпоача, доколку сеуште не сте регистрирани на системот е-Даночни услуги, тоа да го направите веднаш на нивната интернет страница.