Од утре во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а в недела и на некои од повисоките места, особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Особено в недела и в понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски.
Времето утре ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови од снег, информираат од УХМР.
Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температури од -1 до 8 степени.
Фото: Pexels












