За воздухот, пешачките и за зелените површини

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На вчерашната седница на Совет на која што присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска, советниците и поставуваа прашања таа одговараше. Советничката Габриела Илиевска праша за воздухот во Битола.

-Како градоначалник на општина Битола, дали занете кој е најголемиот загадувач на воздухот во Битола, бидејќи во вашето гостување на една емисија рековте дека Рек Битола не е најголемиот загадувач на возухот. Доколку сметате дека тоа се граѓаните со нивниот начин на затаплување , сметам дека јавно треба тоа да им го кажите, праша советничката од ПОИНАКУ  Габриела Илиевска .

-На прашањето дали возухот во Битола е загаден, мојот одговор е да, на прашањето дали сметам дека тоа не го прави Рек Битола, или дали за тоа биле виновни граѓаните , едно е дали тврдите дека градот е загаден, друго прашање е кој тоа го прави. Јасно се имам изјаснето дека не е еден фактор и јасно се имам изјаснето дека тоа не се граѓаните криви, туку криви се политиките во сиот изминат период, одговори градоначалничката Петровска.

Советникот од ПОИНАКУ Иван Чулаковски од градоначалничката побара да се обележат пешачките премини во градот онаму каде што бојата е избришана.

-Сакам да преземете активност за посебно обележување на пешачките премини онаму каде што се избришани посебно пред основните и средните училишта од градот. Исто така барам да преземете мерки за заштита на зелените површини, рече Чулаковски.

Градоначалничката Петровска рече дека се преземаат активности за префарбување на пешачките премини.

-Пред две недели разговарав со надлежните служби за оваа работа и побарав веднаш да се интервенира. Побарав од ЈКП Комуналец да провери дали станува збор за нечистотија на улиците и прекриеност на бојата или станува збор за боја која што избледнела. Тоа е проверено од општинакс комисија и констатирано е каде треба да се направи префарбување на пешачките премини. Тоа ќе го направи оператор но без финансиски надомест на општина Битола, затоа што во договорот што го склучивме за прв пат се бараше префарбувањето односно корекцијата да ја изврши оператор без финансиско оптеретување на општината. Во врска со прашањето за зелените површини, тие треба да се заштитат, но дали тоа можело да го направи ЈП Комуналец или економски оператор , дополнително тоа ќе ги разгледам тие ситуации за да ви одговорам квалитетно, рече Петровска.

Share.