За војската на Косово ќе се гласа в петок

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи изјави дека за војската на Косово ќе се гласа во петок, без оглед на ставот на НАТО и додаде дека таа војска нема да ги загрозува соседите.

Во интервју за Гласот на Америка на албански Весељи кажа дека Косово ја има поддршката од Америка за трансформација на косовските безбедносни сили и дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг „има добри намери и ќе го сфати тоа како легитимно право“ на Косово.

„Нашата војска е војска на партнерство, а не војска која ги загрозува соседите. Столтенберг би требало повеќе да се грижи за руските бази во Србија во Ниш отколку за партнерите на НАТО кои се тесно поврзани со САД и членките на НАТО“, кажа тој.

Околу загриженост што ја предизвикува формирањето на војската на Косово во Белград Весељи кажа дека Косово е спремно да преземе одговорност за Србите како суверени граѓани на целата територија на Косово.

mkd.mk

Share.