За време на викендот стабилно и суво со ниски утрински температури

0
218

Утрово најстудено со -7 степени во  Крушево, -5 Берово, Пожаране, Кр. Паланка, -4 Ѓуриште, Претор, -3 Скопје-Петровец, Охрид, Дебар, Тополчани, -2 Скопје, Прилеп, -1 Виница, Штип, Тетово, Битола, 0 Струмица, 2 Д. Капија, 4 Гевгелија.

Сончево со мала до умерена облачност. Утрото студено, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде потопло што ќе предизвика и топење на снежната покривка

И за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.