„За галерија шо прајме?“ прашуваат од АКТО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Под мотото „Прво леб, па морал“ денес во Битола започна 14. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ ОПШТЕСТВО ВО ИЗГРАДБА, тема која веќе втора година ја обработува овој фестивал, а денес во рамките на Центарот за култура во Битола во просторот каде некогаш постоела уметничка галерија, од АКТО го поставија прашањето „За галерија шо прајме?“, односно каква уметничка галерија ни е потребна. Програмата во деновите додека се одвива Акто во градот, со повеќе перформанси, на различни локации ќе се претстават повеќе уметници.

После програмата предвидена за Битола, фестивалот АКТО продолжува во Скопје, каде од Битола е огранизиран т.н. АКТО воз кој бесплатно ќе ги превезува Битолчани кои сакаат да присуствуаат и таму. А во Битола деновиве за време на АКТО ќе има театар, иницијатива за галериски простор, како и оспособување на магацин во Железничката станица во Битола кој ќе биде наменет за журки со цел збогатување на ноќниот живот во градот.

Уметникот Иван Дургутовски постави и своја видео изложба на видео бим во некогашниот галериски простор при Центар за култура – Битола, а исто така го дизајнирал и целиот визуелен идентитен на 14. издание на АКТО.

Владо Ѓоревски зборуваше за историјатот на оваа некогашна галерија, како и за архивирањето на каталозите од овој простор, но и за важноста за уметноста во Битола.

Од 29 до 31 август Битола ќе живее со современата уметност која ќе ја понуди 14. издание на фестивалот АКТО.

Share.