За два часа, дури 25 илјади молњи околу хрватскиот остров Хвар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Невремето во Хрватска продолжи и вчера кога западниот брег на земјата беше погоден со силни врнежи од дожд и силен ветер.

Околу островот Хвар, за два часа имало 25 илјади молњи.

На одредени места врнело 23 литри дожд по квадратен метар. Обилни врнежи имало и во областа Далмација. Невремето траело и во доцните вечерни часови, и ноќеска.

Денеска и утре невремето малку ќе се смири, а од петок се најавуваат нови врнежи.

Ова ја загрозува и туристичката сезона која е во полн ек, меѓутоа во Хрватска времето никако не се смирува.

Извор: Index.hr

Share.