За еден ден 160 прегледи во амбулантата на инфективното во Битола

Вчера во Битола беа регистрирани рекордни 226 нови случаи на Ковид 19. Од клиничката болница во Битола велат дека многу голем е притисокот врз амбулантата на инфективното одделение каде во изминатите 24 часа имало дури 160 прегледи.

Во моментот бројот на хоспитализирани пациенти е 21, а во дневна болница се лекуваат 32 пациенти.

Со вчерашните 226 нови случаи, бројот на активни во Битола се искачи на 1101.

 

Сподели