ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ЕМОЦИИ ИМА МЕДИЦИНСКИ УСТАНОВИ, МУ РЕЧЕ ИЛИЕВСКА НА БОЈКОСКИ И МУ ГО ИКСЛУЧИ МИКРОФОНОТ

На седницата на Комисијата за финансии и буџет каде се расправаше за одлуката за изменување на одлуката за согласност и кофинансирање на проектот “Smart4you2” , во кавга влегоа претседателката на Советот, Габриела Илиевска и советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Бојкоски зборуваше за тоа дека не треба да има одложување, на што Илиевска реплицираше дека немало документи и како ќе гласаат, ако немаат документи од Музејот.

Бојкоски рече дека инаетот кој што се водел очигледно бил повисок од интерсите на граѓаните.

На ова Илиевска возврати дека има кажано дека тука за емоции не се разговара и дека за тоа имало медицински институции.

Следуваше реплика на ова со предупредување дека таа почнува да ги вреѓа советниците, по што микрофонот му беше исклучен.