За згрижувањето возрасни лица

Гарантираме дека новата локална самоуправа според принципите на праведност, еднаквост и почитување на човековите права ќе овозможи услови за квалитетен живот на секој поединец, вели Ненси Лозанче, кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

„Во нашиот фокус особено се повозрасните лица – пензионерите, за кои што покрај широката палета социјални услуги, нудиме решение за подобрување и унапредување на условите за нивно сместување во старски домови, како и зголемување на капацитетите преку формирање нови вакви инситтуции.

Гарантираме дека новата локална самоуправа веднаш ќе почне со реализација на проектот познатиот х.Битола, да прерасне во дом за згрижување возрасни лица.

Иако објектот во моментов е во сопственост на трговското друштво „Борец“, Друштво со ограничена одговорност ПИОМ, ќе се посветиме на тоа објектот да и биде отстапен на локалната самоуправа и со неговата реконструкција да се добивјат нови 94 простории, во кои ќе можат да се згрижат 250 лица. Со тоа би се решила потребата од дополнителни сместувачки капацитети за згрижување на оваа категорија наши граѓани.

Тоа гарантираме ќе го направиме во соработка и партнерство со граѓански здруженија и финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика, UNDP, ЕУ- фондови, меѓународни донатори и буџетска и ресурсна локална поддршка.

Исто така, гарантираме ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОЦИЈАЛНО ПОКРОВИТЕЛСТВО, односно ПАТРОНАЖА, кое ќе им доставува услуги на возрасните лица во нивните домови.

Гарантираме и донесување програма „АСИСТЕНТИ ЗА НЕЗАВИСЕН ЖИВОТ“ преку која се обезбедуваат асистенти за деца и возрасни во нееднаква положба.

Ќе организираме ОБУКА ЗА НЕГОВАТЕЛИ НА ЛИЦА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ со посебно внимание за вклучување на негователки од редот на самохраните невработени мајки, а примарни приматели на услугите ќе бидат повозрасните лица.

Гарантирaме достоен и квалитетен живот на нашите баби и дедовци, за нашите мајки и татковци.

Заедно за седумката на седумнаесетти“ вели Лозанче.

 

Сподели