За идните студенти ВМШ нуди 6 студиски програми

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Се прават последните подготовски за пречек на новите студенти чии што избор ќе биде Високата медицинска школа од Битола. Идните студенти покрај стандардните 5 студиски програми општа медицинска сестра, лабараториски аналитичар, акушерки, физиотерапевти, и радиолози, од минатата годинава, а во интерес на нивните барањата ВМШ воведе нова студиска програма шеста по ред, Санитарен  инженер. Оваа програма е прва и единствена во Македонија.Според директорката на оваа високообразовна институција интерес имало за сите студиски програми, а минатата година успешно поминала и новата студиска програма .

-Минатата година малку изненадувачки, голем интерес имавме за студиската програма за акушерки, меѓутоа стандардно најголем интерес има за физиотерапевстите, бидејќи имате широко поле на работа вклучувајќи го и државниот и приватниот сектор итн. Во однос на новата студиска програма за санитарен инженер минатата година имавме 25 студенти што претставува една солидна бројка за почеток на нова студиска програма. Се надевам дека оваа година ќе имаме повеќе студенти на таа студиска програма, бидејќи имавме минатата година слободни места во квотата со кофинансирање, рече проф.д-р Домника Рајчановска, директор на ВМШ-Битола.

По завршување на студиите дипломираните студенти ќе можат да се вработат во сите државни и приватни здарвествени установи, а дипломата се признава и во евроспките земји .

-Нашата диплома која што ќе ја добија студентите после дипломирањето освен во државата можат да ја искористат и во некоја од европските земји, особено во Германија каде секогаш има интерес за сестрите,вели Рајчановска

Од ВМШ тврдат дека студентите кои што ќе се одлучат да ја одберат нивната високообразовна институција , ќе добијат квалитетно образование , затоа што покрај предавањата , ќе имаат и теренска и практична настава, така што студентите ќе добијат професија која што ќе знаат да ја имплементираат понатаму во животот. Минатата година како што рече директорката сите студиски програми претрпеле реакредитација, и во рамките на тој процес истите се усогласиле со барањата на европските директиви.

Share.