За или против вакцинирање?

0
554

Реакции во јавноста околу најавата вакцинирањето да биде услов за запишување во градинка и во училиште. По повод Европската недела за имуницација, министерот за здравство Венко Филипче  изјави дека е време да се осовреми календарот за имуницазија, но и дека ќе се воведат вакцини против стрептокока и рота вирус, бидејќи истите предивикуваат тешки здравствени нарушувања кај малите деца.

По критиките вчера со став излезе и заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. Тој рече дека Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата. Во постојан контакт сме со Министерството за образование, ќе ги усогласиме ставовите. Не е точно дека работиме на тоа дека децата нема да се запишуваат во градинка или во училиште ако не бидат вакцинирани. Ќе работиме на тоа на родителите кои се скептични да им укажеме дека кај нив не треба да постои страв дека вакцините се небезбедни, рече Чакаровски. Додаде дека дека индивидуално право е на секој родител да одлучи дали ќе го вакцинира своето дете, меѓутоа како Министерство за здравство мора да водат сметка за колективната безбедност, бидејќи, како што посочи, едно невакцинирано дете, а инфицирано може да биде причина за инфективно заболување кај многу дечиња.

Од Министерството за образование велат дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем и вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.Од кабинетот на министерката Рената Десковска им порачаа на здравствените власти да најдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација.

Граѓаните со поделени мислења дали да се вакцинираат децата или не

Пратеникот и претседател на Либарално демократската партија, Горан Милевски ја критикуваше одлуката на министерот за здравство, Венко Филипче за задолжително вакцинирање на децата. Тој на својот Фејсбук напиша дека никој нема право да ги уценува родителите да ги вакцинираат нивните деца.

„Правото на избор, слободата на одлучувањето, се основни човекови права загарантирани со Уставот и никој несмее да ги наруши. Никој нема право да ги уценува и присилува родителите да ги вакцинираат своите деца. Образованието треба да биде достапно за сите а во 21 век да им се заканувате на родителите дека децата ќе им останат неписмени ако не се вакцинираат е срамота. Ги отфрлам ваквите најави и жестоко ќе се спротивставам на козервативизмот кој се промовира. Ова е класична дискриминација. Либералното општество мора да победи“ напиша Милевски.