За корупцијата дебата во Битола

На петтата јавна дебата која денеска се одржа во Битола беа презентирани резултатите од извештајот за „Проценка на ранливи области на корупција на локалано ниво“. Извештајот го подготви невладината организација Асоцијација за демократски иницијативи во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Домаќин на дебатата беше МКЦ Битола.

 

 

Истражувањето се спроведе во пет целни општини –  Гостивар, Битола, Кавадарци, Куманово и Штип. Истражувачкиот процес вклучуваше анализа на правната рамка и релевантни истражувања и анализи, интервјуа со релевантни чинители и анкета на репрезентативен број граѓани од целните општини.Проценката на ризиците од корупција се користи како превентивна алатка за идентификување на факторите на ризик и ризиците по однос на корупцијата и интегритетот во јавниот сектор, односно како алатка за подобрување на управувањето со конкретна јавна институција, сектор, проект или процес.

 

Извршниот директор на Асоцијација за демократски иницијативи АДИ, Лулзим Хазири, говореше за недовербата во институциите и посочи дека околу 80% од граѓаните во петте општини опфатени со истражувањето сметаат дека корупцијата е зголемена во споредба со периодот пред 10 години.

Свое излагање имаше и експерт Марија Димитровска, која ги презентираше клучните наоди одпроценкатанаранливи области на корупција на локално ниво. Таа истакнадека  на скала од 1 до 7, испитаниците од Битоласо вкупна оцена од 6,30 посочиле дека желбата за брзо богатење на луѓето кои се на власт најмногу придонесува за корупцијата. Според распростанетоста на корупцијата по области, граѓаните од Битола сметаат дека судството е најкорумпирано, а според нив медиумите и обвинителството се главните фактори кои може најмногу да придонесат во борбата против корупцијата.

Податоците од целокупното истражување покажуваат дека граѓаните има најредовни контакти со институции во областа на здравството и полицијата, па според ова најголемиот дел од испитаниците рекле дека мито им било побарано од институција во областа на здравството, а следна е полицијата, па потоа судството.Митото од институција од областа на здравството најчесто е барано во врска со операција, во неколку случаи и лечење, а митото од полиција е во врска со казна или сообраќајна несреќа. Фреквенцијата на контактите и значењето на обезбедената корист со коруптивното дејство се идентификуваат како значајни фактори при потенцијалот закоруптивни дејства.

Оваа е петта или последна јавна дебата за споделување на наодите од проценката на ранливи области на корупција на локално ниво. Во рамки на проектот досега беа спроведени четири јавни дебати и тоа во проектните општини Гостивар, Куманово, Кавадарци и Штип.

 

 

Сподели