За летување во Грција ќе мора да платите данок

0
722

Туристите во Грција ќе мора да платат данок дури и кога ќе резервираат хотел во текот на половина ден.

Данокот се однесува на сите туристи кои се сместени во хотелите од сите категории или во лиценцирани опремени апартмани или куќи. За хотели со 1 и 2 ѕвезди – 0,5 евра, за хотели со 3 ѕвезди – 1,50 евра, за хотели со 4 ѕвезди – 3 евра, за хотели со 5 ѕвезди – 4 евра.

Данокот исто така треба да се плати за краткорочни изнајмувања преку онлајн платформи, но само во случаи кога има дополнителни услуги – појадок или обезбедување на постелнина. Во овој случај, данокот по лице е 0,5 евра дневно.

faktor.mk