24 случаи на лица каснати од куче за периодот од 1 мај заклучно со 18 јуни оваа година. Така велат податоците од дневните билтени на полицијата, значи станува збор за случаи кои биле пријавени. Во изминатите 18 дена биле пријавени пет сучаи и тоа:
На 10.06.2023 во 13.00 часот во СВР Битола, 63 годишно лице од Битола пријавило дека во Старата чаршија во Битола бил каснат од куче скитник.
На 09.06.2023 во 18.30 часот во СВР Битола, 39 годишно лице од Битола пријавила дека во населба Карпош нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Потоа на 06.06.2023 69 годишно лице од Битола пријавил дека кај место викано „Стара болница“ во Битола бил каснат од куче скитник .
Истиот ден 72 годишно лице од Битола пријавил дека во Градски пазар во Битола бил каснат од куче скитник .
Ден претходно 42 годишно лице од Битола, пријавило дека во Градскиот парк во Битола неговото малолетно дете било каснато од куче скитник.
Тоа се случаите од месеј јуни заклучно со 18.
Билтенот на полицијата вели дека 19 случаи имало во месец мај.
На 30.05.2023 во СВР Битола 58 годишно лице од Битола пријавила дека крстосница од ул„Солунска“ и ул.„Ѓорги Наумов“ во Битола била касната од куче скитник.
Истиот ден 31 годишно лице од Битола пријавил дека во близина на спортската сала во Битола бил каснат од куче скитник. Уште еден случај на 30 мај. 26 годишно лице од Битола пријавил дека во Градскиот парк во Битола бил каснат од куче скитник.
Ден претходно 41 годишно лице од Битола пријавило дека на ул.„Васил Брклевски“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 28.05.2023 76 годишно лице од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска“ во Битола, била касната од куче скитник.
41 годишен жител од с.Крклино, битолско, пријавил дека на ул.„Широк сокак“ бил каснат од куче скитник.
32 годишен жител на Битола пријавил дека во с. Ѓавато, битолско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Потоа 76 годишно лице од Битола пријавил дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 17 мај во битолската полиција 27 годишно лице од Битола пријавила дека во с.Лавци нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Истиот ден 62 годишна жена од Битола пријавила дека на бул.„1 Мај“ била касната од куче скитник.
83 годишен битолчанец пријавил дека на ул.„Крстин Чулаковски“ во Битола бил каснат од куче скитник.
19 годишно лице од Битола пријавила дека на ул„Прилепска“ во Битола била касната од куче скитник.
На 11.05.2023, 44 годишник од Битола пријави дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 09.05.2023 56 годишно лице од Битола пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.
Истиот ден на 9 мај лице од Битола пријавил дека во двор на средно училиште во Битола неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Ден претходно две пријави, односно на 8 мај 40 годишно лице од Битола пријавил дека на ул.„Цар Самоил“ во Битола неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
67 годишно лице од Битола пријавил дека во населба Карпош во Битола бил каснат од куче скитник.
Во првите денови од мај два случаи. На 05.05.2023 во 12.00 часот во СВР Битола, 70 годишно лице од с. Алинци, битолско, пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.
И на 04.05.2023 во 22.40 часот во СВР Битола, 44 годишна жена од Битола пријавила дека на ул.„Гоце Делчев“ во Битола нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Ова се случаите кои се официјално пријавени во битолската полиција. Освен Битола во билтенот на МВР има уште неколку градови каде може да се забележат вакви пријави.
Неодамна од Општина Битола информираа дека интензивно продолжуваат градежните работи на терен за побрзо завршување на прифатилиште за кучиња, односно соодветен третман на бездомните животни и нивно отстранување од битолските улици.












