За мостот кај Безистенот и за штетите од невремето во 2018

На последната средба меѓу градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претставници од Владата беше отворено и прашањето за неисплатениот надомест на штетите од невремето во Битола во 2018 година, за што од страна на претставниците на Владата, како што рече Коњановски бил даден одговор дека оваа постапка ќе биде завршена, согласно методологијата.

На средбата станало збор и за проблемот со мостот кај Безистенот. Од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Коњановски бил информиран дека во најбрза постапка ќе се добие дозволата од министерството, така што и тој проблем, како што рече градоначалникот, ќе биде решен.

Сподели