ТЕРА

REKLAMA???

ЗА НЕКОГАШНИТЕ ВОЗОВИ ОД БИТОЛА СО ЗЕЛЕНИ ВАГОНИ СО КУПЕА

Од Битола до Скопје и назад преку Прилеп и Велес и секако Богомила. Бројот на патници од година во година се намалува, а беа популарни и заради бесплатните патувања, но ковид пандемијата направи пауза. Па стигнавме до еден пар воз на кај Скопје и назад, а сега ги има три.

Правиме мала прошетка низ минатото со возовите кои главно беа со вагони во зелена боја или сина, велечени од локомотиви, со втора и прва класа со купеа и вагони за лежење или спиење, дури и вагони со бифеа.

Повозрасните граѓани се сеќаваат и со нас ги споделија искуствата од нивните патувања со возовите кои Битола ја поврзуваа и со Белград, Загреб, Љубљана, а и дрги градови со прекачувања на поголемите железнички станици, но не само низ тогашната заедничка држава, туку и надвор од неа, кога со воз на пример некои патувале и за Германија, но и други држави од Европа.

Во овој момент меѓународни возови нема. Најавите се дека со изградба на железнчките коридори Македонија ќе се врати на меѓународната железничка мапа.