На првата регионална средба уште еден импулс на афирмирање на регионите и на важната цел за одржлив развој со трите компоненти, економски развој, зелена животна средина и региони, односно регион социјално инклузивен.

„За прв пат се оджува под мотото „За паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион“ и е еден од низата вакви настани кои што ќе се одржуваат во осумете региони во нашата држава. Настанатот „Ден на регионален развој“ е во рамките на проектот „Одржллив и инклузивен рамномерен регионелн развој“ кој е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија. На денешниот настан накусо ќе биде презенирано се она што е сработено од страна на центарот во изминатиот период, а исто така ќе биде организирана и една панел дицкусија преку која ќе можеме да ги согледаме кои се предностите и можностите за развој на Пелагонискиот регион“ вели Јосиф Балтов, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Во изминатите 14 години се покажа дека постоењето на овој Центар има клучно значење за нашиот регион. Бројките го зборуваат тоа. Од 2010 година во проектното портфолиот има над
100 реализирани проекти од различни сектори: економски развој и петприемништво, земјоделство и рурален развој, туризам, инсфраструктура, технички документации, животна средина, култура…

„Во делот на економскиот развој, конкретно во делот на туризмот се работеше на патна инфраструктура за достапност до туристички објекти, документација за водоснабдување и пречистителни станици исто во туристичките населби, исто така и други проекти и активности кои што се во делот на промовирање на туризмот. Преку програмата за прекугранична соработка со Грција, во 2022 година го завршивме проектот кој што беше почнат доста поодамна, но поради ковид пандемијата беше пролонгиран на некое време, така што од тој проект на зголемување на капацитетите на туризмот, преку искористивање на туристичките потенцијали покрај другите активности, клучни активности се креирањето на тие прекугранични тури, односно туристички продукти кои што имаа за цел да се промовираат пред странските турооператори со цел да привлечеме што е можно повќе туристи во тој наш прекуграничен микро регион“ рече Владимир Величковски од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) е основан од единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на Пелагонискиот плански регион – Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Могила, Новаци, Кривогаштани и Долнени.

„Јас како нов претседател на Советот на центарот, штотуку избран и ќе ја искористам приликата да се заблагодарам на сите колеги за едногласната поддршка. Сметам дека изминативе три години сме направиле многу за развој на нашиот регионот, пред се затоа што имаме одлично разбирање како градоначалници, без разлика од која политичка партија доаѓаме, изминате три години сметам дека со огромна поддршка на директорот и вработените во Центарот успеавме да имплементираме четириесетина проекти кои што значително го подобрија животот на граѓаните од овој регион. Се надевам дека во периодот кој што следува заедно со сите вклучени, односно и бизнис секторот и граѓанските организации ќе придонесиме за исклучителен развој на нашиот регион“ вели Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар.

За предизвиците и можностите за паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион зборувапе и проф. д-р Игор Неделковски, ректор на битолскиот универзитет.
„Мора да се вложува во знаењето, а за да се добие знаење треба да се има образование за потоа да има иновативност, нови претпријатија, претпријатија базирани на занаења, кои остваруваат голема додадена вредноист од своето работење, а со тоа и да се развива Пелагонискиот регион. Се друго е што би рекле купи ден помини, значи ќе видиме дека на некој му оди бизнисот па ќе се обидиме да го копираме. Се што не е базирано на знаење, да можеби допринесува привремено за вработување, меѓутоа за некој равој мора да биде таканареленен паметен развој“ вели ректорот Неделковски.

Изобилуваме со природни убавини, што не прави, а и сме веќе на туристичката мапа на светот, а да не зборваме за понудата во културата, нашата житница Пелагонија, односно земјоделието.

„Во фокусот и на светската и на локалната агенда е влијанието на климатските промени врз локалниот и регионалниот развој. За наша среќа пелагонискиот регион е богат со земјоделие, богат е со енергетска инфаструтура, но во делот на климатските промени, односно влијанија тие најмногу го погодуваат земјоделскиот сектор, а знаеме дека Пелагонија е една голема житница и ќе треба многу да работиме на наводнување, на окрупнување на парцелите и овозможување на земјоделците да работат по светски стандарди без загадување.

Второто подрачје кое што многу е погодено од климатските проемени е водостопанството. И во нашиот регион можеме да видиме дека тоа полека почнува да се познава на Преспанското езеро. Треба да најдеме вистински решенија за да овозможеме добра водостопанска структура, а да овозможиме исто така земјоделството да не ги оштетува водостопанските култури.
Третиот сектор на кој што многу влијаат климатските промени е енергетиката. Ние треба да овозможиме систем во кој што нема да загадуваме локално, тоа што е еден од големите проблеми на урбаните средини кај на е РЕК Битола да не биде загадувач, туку да стане дури и прочистувач на воздухот и да не влијае на создавањето на стакленички гасови.
Еден од големите проекти со кој ќе се сретне овој регион е постапувањето со отпадот. Се надевам дека во следните четири-пет години ќе се воспостави систем за управување со отпад по европски терк, каде што ќе имаме предселекција, секундарна селекција, произведување гориво од отпадот и сето тоа ќе се случува во еден затворен систем брз да се влиаје на животната средина“, рече проф. д-р Даме Димитровски, од машинскиот факултет на скопскиот универзитет.
А, на панел дискусијата зборуваше и проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска, од економскиот факултет од Прилеп и раководител на европската универзителска алијанса Колорс при битолскиот универзитет.
Визијата била, а стрегијата се спроведува елагонискиот регион е конкурентна и посакувана дестинација за живеење и туризам, со перспектива за младите, добра социјална инклузија, чиста животна средина и европска иднина.












