За прв пат „Пијанофест“ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

100 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Албанија и Косово се натпреваруваа на Меѓународниот „Пијано Фест“ кој за прв пат се одржа во Битола од 7ми до 9ти јуни, а го организираше Здружението „Пијано“, чии што основатели се професорките по пијано при Државното музичко училиште Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски.

Жири комисијата во состав Елена Дикова од Бугарија, Надежда Породини Јоле од Албанија и Јана Четелева Белевска од Македонија, им додели максимални 100 поени на 13 учесници во различни категории. Награди доделија Општина Битола, која се состоеше од плакета и парична вредност, наградата за најдобра изведба за Шопеново дело која ја додели Полската амбасада, и  награда за еден од лауреатите доделена од Бугарскиот конзулат во Битола.

Фондацијата „Томислав Зографски“ ја додели наградата за најдобро изведувано дело од Зографски според одлука на Стручната комисија, а од организација на „Пијано Фест“ додаваат дека овој натпревар ќе остане како традиција, каде младите пијанисти од Балканот, но и пошироко ќе имаат можност да ги афирмираат своите таленти.


Се заблагодарија за подршката од Министерство за култура, Општина Битола, како и приватни компании и здруженија од градот.

Share.