За прв пат се лета директно од Европа до Австралија

0
2513

Првиот непрекинат лет меѓу Австралија и Велика Британија успешно беше реализиран денеска, откако авион на „Квантас“ утрово слета на аеродромот „Хитроу“ во Лондон.

Тој тргна од Перт и ја помина далечината од 14.498 километри за време од нешто повеќе од 17 часа. На историскиот лет имаше 200 патници и 16 члена на екипажот.

Перт се напаѓа на западниот брег на Австралија и послабо поврзан со директни авио линии, додека пак патниците од Европа најчесто треба да прават транфери во Азија или на Блискиот исток за да стигнат до поголемите австралиски градови.

Летот на авионот од типот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ е долг 14.496 километри со 236 патници во леталото за поголем простор.

Qantas планира од 2022 година да воведе и директен лет од Сиднеј до Лондон.