За проблемите на младите во локалната средина, трибина во Битола

0
1125

Невработеноста, недостиг на социјални и културни настани, услови за образование се најчестите проблеми на младите од нашиот регион.Ова е заклучокот од јавната трибина насловена „Проблемите на младите во локалната заедница“ која што се одржа на Правниот факултет а ја организираше Здружението  за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола. Целта на ваквите јавни трибини, како што рече претседателот на здружението Мартин Николовски е да се слушне гласот на младите, јавно да проговорат за своите проблеми а тие како здружение да придонесат за нивно решавање.

„Оваа тема ја одбравме како една од темите кои ги обработува нашето здружение и тоа е една од нашите цели, да ги застапуваме токму младите во нашиот град, но и пошироко. Сметаме дека младите ќе кажат кои се нивните проблеми кои ќе допрат до претставниците на локалните самоуправи од пелагонискиот регион и се надеваме ќе се преземат некои активности за решавање на тие проблеми. Еден од најголемите проблеми на младите во нашиот регион е невработеноста како најголем проблем и свесни сме колку млади се иселиле досега од нашата земја. Младите се соочуваат и со други проблеми, недостиг на социјални и културни настани, услови за образование и друго“, изјави Мартин Николовски, претседател на „Интерактив“.

Тука се поставува прашењето дали младите се со мислењето дека држвата е таа која што треба да им обезбеди вработување, или пак самите тие со квалите кои што ги поседуваат треба да се изборат за својата положба во општеството?

-Не е сеуште тоа мислење, туку мислењето е да се создадат услови за вработување, и кога ќе имаат младите повеќе можности за избор тогаш сигурно ќе се пристапи кон решавање на овај најголем проблем кој што го имаат младите во денешницата, рече Николовски.

На настанот присутни беа и градоначалниците на Битола и Новаци Наташа Петровска и Љубе Кузмановски кои што во знак на подршка добија благодарници од Здружението. Благодарници добија и здруженија на граѓани, поединци, Правниот факултет, новинари и претставници на средните училишта од градот.

-Сметам дека младите, не само во Битола, туку генерално на овие простори, не си ги препознаваат сопствените проблеми, не ги детектираат за да пристапат кон нивното формално решавање. Токму заради тоа е добро да се пристапи со еден критичен однос кон нив, да излезат од онаа летаргичност во која што се запоседнати и да почнат активно да дејствуваат во насока на препознавање и решавање на нивните проблеми, изјави м-р Ивона Шушак, асистент на Правниот факултет во Битола.

Говорници на трибината беа деканот на Правнит факултет, проф. д-р Горан Илиќ,
м-р Сања Мучкајева Видановска – писателка, м-р Ивона Шушак – Правен факултет и м-р Никола Илиевски  стјудентс фор либерти – Students For Liberty.