За проекти во битолско средба Сугаревски и Петровска

0
1200

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска одржа работна средба со министерот за трансопрт и врски, Горан Сугарески на која се разговараше пред се за инфраструктурата и како централната власт може да и помогне на општината.

– Зборувавме за уредување од областа на инфраструктурата, уредување вдовод и канализација во месностите Габалавци, Секирани, Породин и особено Лавци, каде што имаме инфраструктирни зафати за кои што како општина сме должни да ги реализираме. Оваа беше исклучителна работна средба која покажува дека во иднина треба да гледаме со перспектива на поддршка на централната власт и на решавање на вакви проблеми, изјави м-р Наташа Петровска градоначалник на Општина Битола.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави директна поддршка на општина Битола во реализацијата на плановите од областа на локалната и регионалната инфраструктурна мрежа.

-Рокот за апликација е до март и дел од проектите градоначалничката ги има доставено до министерството, очекуваме наредната недела и други проекти да бидат доставени, така што до крајот на јануари и почетокот на февруари се достават сите средства во рамката на 1.300.000 евра кои со кредитната линија и следуваат на Општина Битола, да може максимално тие средства да ги искористи и граѓаните да имаат бенефит. Разговаравме за патната инфраструктура на поврзувањето на Битола со другите општини, вие знаете дека согласно програмата на ЈП за државни патишта предвидена е изградба на експресен пат Битола до граничниот премин Меџитлија. Притоа дополнително со 26-те реконструкциите кои се предвидени за изградба од наредната годна, опфатена е реконструкција на патот од Битола до Меџитлија, предвидени се патни правци кои ја поврзуваат Битола со Демир Хисар, така што мислам дека сериозно во овие планови очекуваме да се направи поголем градежен бум од март наредната година, со почнувањето на градежната сезона, изјави Горан Сугарески министер за транспорт и врски