Развојот и капацитетот на патната и железничката инфраструктура и формирање на регионален транспортен хаб, развојот на гасоводната и енергетска мрежа и потенцијали, решавањето на заштитата на животната средина преку реализација на концептот на регионална депонија, обезбедување на адекватна работна сила за реализација и ангажман на инфраструктурните проекти и достапни финасиски извори, беа темите на дискусија на Форумот за унапредување на економскиот и оптествениот развој на Пелагонија и Преспа. Како императив за овај развој прво ни е потребна патна инфраструктура, рече претседателот на Регионалната стопанска комора во Битола Мирко Велковски.

„Како императив за развој ни се потребни прво патна инфраструктура, која за жал 30 години ја немаме, тој автопат и ден денес го немаме, го чекаме и брзиот пат, исто така автопатот Прилеп-Битола е многу значаен, секако значаен е и гасоводот и евтина зелена енергија“, рече Мирко Велковски, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола.

Проблем е и работната сила, но и скапиот транспорт.
„Имаме скап транспорт. Тоа дополнително прави да не сме конкурентни, и не можеме да се приклучиме кон Грција која ни е најблиска држава од ЕУ. Токму затоа, неопходно ни е подобрување на патната и железничката инфраструктура, истакна Велковски.

„Имаме проблем со застареноста на структурата што значи дека би се соочиле со тој проблем за брзо време, нажалост репродукцијата на кадри е многу слаба, увозот на работна сила не е воопшто ефикасен. Единствен начин што во овај момент ни дава надеж е дефинитивно нашата инвестиција во автоматизација и дигитализација, со цел да можиме да ги одржиме нашите компании за да можат да бидат конкурентни на пазарите“, рече Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп.

На форумот се собраа за да декларираат што е она што е најопходно за да се врати како што рекоа сјајот на Пелагонија. Форумот се одржа на иницијатива на претседателите на Регионалните комори со седиште во Битола и во Прилеп.












