ТЕРА

REKLAMA???

ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МОСТОТ И УЛИЦАТА „ДОВЛЕЏИК“

Влезот на Битола од страната на Ресен, односно улицата „Довлеџик“ неколку години е во реконструкција. Нејзината реконструкација одеше во фази, поздземна, па надземна инфраструктура. Од општина Битола велат дека реконтрукцијата на улицата „Довлеџик“ е завршена.

Кога влегувате во Битола пред мостото кој исто така треба да биде реконструиран, дупки и распукан асфалт, што пак е нервоза за возачите. 

Од општината велат дека дека активностите за реконструкција на мостот ќе бидат отпочнати, кога општина Битола ќе овозможи пристап на граѓаните од и до Битола, преку девијацијата која е во фаза на изведба.

Ова е решение кое се чека, за да почне реконтрукцијата, а да не се случи влезот да биде блокиран, односно сообраќајот да се пренасочиува преку обиколница.

И ги изветсуваат граѓаните, дека на излезот од градот, пред мостот кој ќе биде предмет на реконструкција од левата страна, интензивно се изведуваат градежни активности, со цел да се воспостави сообраќајно – техничко решение, додека трае изградбата на мостот.

Во јули 2015 година започна овој проект, продолжи и во наредните години, етапно и во фази. 

Годинава во мај беше завршната фаза за реализацијата на проектот за реконструкција на коловозот на ул.„Довлеџик“. Три дена од крајот на мај се вршеше асфалтирање на улицата од раскрсницата на ул. „Довлеџик“ со ул. „Големо Езеро“ до мостот на р.Драгор, кога за ова информираше и изведувачот на проектот.