За руската вакцина Спутник В

Спутник В е третата вакцина која се користи за вакцинација во Македонија. Првите 3000 дози пристигнаа на почетокот на март, од вкупно нарачни 200.000 и со нив се вакцинираа здравствени работници. Втората доза пак за ревакцинација стигна пред неколку дена.
Ова се информациите објавени за вакцината Спутник В на веб страницата ковид19вакцинација.мк. Покрај информациите, поставени се и упатства за употреба на трите вакцини кои засега пристигнаа ги има во Македонија, во очекување на кинеската.
Спутник В
• Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот
• Препорачана на возраст над 18 години
• Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза
• Се дава мускулно во рамото
• Ефикасност: Ефикасноста на Спутник В против КОВИД-19 е пријавена на 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В
• Безбедност: Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.
• Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.
Името на вакцината, особено кај нас предизвика дилеми, дали станува збор за буквата В или римскиот број 5(V). Но, како што на Твитер објасни шефот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, буквата В во Спутник означува победа (од англискиот збор victory).

Сподели