За само неколку дена преку 40 илјади прегледи на јутуб за “Идила”

После официјалната промоција на новиот сингл “Идила” кој е најава за новиот албум на Каролина Гочева кој треба да излезе наесен, битолчанката на својот фејсбук и инстаграм профил објави фотографија во ресторан каде се освежува со некој летен коктел на пишување “Изминативе два дена добивме преубави пораки и коментари, фала ви од срце што одвоите врее за нашата Идила”. Вака им се заблагодари Каролина на сите кои одвоија време да го слушнат синглот и кои помогнаа во неговата промоција и во ова пандемично време.

Видеото за синглот Идила од издавањето на јутуб пред неколку денови па досега има повеќе од 40 илјади прегледи. А задоволството од постигнатиот успех беше лесно препозналиво по големата насмевка на Каролина.

Сподели