За сообраќајот и транспортот, конференција на Техничкиот факултет

0
840

Техничкиот Факултет е домаќин на втората  Меѓународна конференција од областа на сообраќајот и транспортот „ТРанспортот во денешното општество“ . Основната цел на конференцијата е претставување на резултатите од научната и стручната работа на додипломци, постдипломци и докторанти од земјата и регионот, како и размена на искуства во решавањето на предизвиците од областа сообраќај и транспорт. На конференцијата пред присутните гости се обрати министерпот за транспорт и врски Горан Сугаревски како и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. .

На Конференцијата беа претставени 70 трудови , кои што после завршувањето ќе бидат дел од Зборникот на трудови. Исто така трудовите ќе бидат објавени и во индексирани стручни часописи од областа на сообраќајот и транспортот.

Генерален покровител на конференцијата е министерството за транспорт и врски како и општина Битола.

Меѓународната конференција ќе заврши во сабота