За спортист на годината на Битола е прогласен голманот Никола Митревски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По 55-ти пат се одржа манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

„Општина Битола реализира бројни активности и проекти кои се насочени кон поттикнување и финансиска поддршка на професионалните спортски клубови, училишниот спорт, поддршка на младите и талентирани спортисти, спортските манифестации, а истовремено општината инвестира и во подобрување на спортската инфраструктура, во насока на одржување и функционирање на постојните и изградба на објекти од јавен интерес“ рече градоначалничката на Битола Наташа Петровска на вечерашната манифестација.

Таа ја најави изградбата на пливачкиот базен во ОУ„ Даме Груев“ во Битола, а рече дека деновиве ќе обелодени уште еден голем спортски проект.

На вечерашната манифестација за најдобар спортист за 2019 година  беше прогласен  голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски.

 

Како и Сојузот за училишен спорт така и Сојузот за спорт на инвалиди, предлага и Сојузот на спортови доделува, награда за најдобар спортист, а тоа е Оливера Наковска – Бикова.

 

Во екипна сениорска конкуренција, првото место за ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, второто место за женскиот ракометен клуб Пелитер, третото место за одбојкарски клуб Пелистер Волеј.

Во категоријата на спортски ветерани добитник на посебно признание е Борче Илиевски, познат шаховски велемајстот, кој иако има 85 година се уште активно се натпреварува.

Беа доделуваме и посебни признанија на спортски ветерани, спортски работници и клубови, прогласени најдобрите млади спортски колективи, доделени наградите на надежните спортисти.

Посебно признание за афирмација на спортисти, клубови и спортски настани се додел на битолскиот информативен портал Битолањуз.

 

Share.