ТЕРА

REKLAMA???

ЗА УКИНУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА МОЖЕМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НО НЕ ТОЛКУ БЛИСКУ ДО ИЗБОРИ

„Техничката влада е она кое што е договорено како коалициски договор пред 4 години, а тоа е дека 100 дена пред избори ќе имаме техничка влада која што ќе ја предводи премиер предложен од нашите коалициски партнери, а тоа е ДУИ. Ние како партија, како СДСМ коалиционите договори ги почитуваме, не сме отстапиле од ниту еден договор и сите кадровски решенија се носат во рамките на политичките партии,“ рече Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура и потпретседателка на СДСМ во емисијата Топ Тема на ТВ Телма на тема техничка влада и кадровски решенија.

Таа посочи дека гласањето за премиер, претседател на собрание и за членови на таа политичка влада го прави македонското собрание.

„Ние сме предводници на една влада која е составена од повеќе коалициски партнери, со кои на секојдневна основа комуницираме, се договараме и се координираме како ќе настапуваме понатаму. Тоа е парламентарното мнозинство кое доби доверба понатаму да избере влада. Техничката Влада не може да се укине, но тоа не значи дека веднаш после одржувањето на овие избори не можеме да разговараме за укинување на техничката влада,“ рече Костадиновска Стојчевска.

Укинувањето на техничката влада , Костадиновска Стојчевска го нарече комплимент со оглед на тоа во какви услови беше донесена одлуката за нејзино воспоставување за време на 11 години времетраење на изборни нерегуларности .

„ВМРО-ДПМНЕ актуализира тема за која после ќе ретерира како за све друго или кога за тоа нема никакви временски можности за тоа да се случи.Така што за укуинување на техничка влада можеме да разговараме, но не толку блиску до избори , за да не ја закочиме повторно државата или да ја донесеме до некоја неизвесност. Тоа е прашање кое треба да го постигнеме со консензус,“ рече Костадиновска Стојчевска.