За 10 отсто намалена невработеноста кај младите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

-Стапката на невработеност е падната на историски минимум од 17,8 отсто, а особено важен е фактот дека пад на невработеноста најмногу има кај младото население . Кај младите невработеноста е намалена за околу 10 отсто.

Со реализација на Европската младинска картичка се очекува најмалку 30.000 млади да ја искористат можноста за намалени трошци и попусти во над 300 субјекти од областа на спортот, културата, превозот, угостителството и други дејности.

Истовремено, се работи на подобрување на условите во кои престојуваат студентите, во таа насока се и реконструкцијата на блоковите В и Г на студенскиот дом Гоце Делчев и во студентскиот дом Кочо Рацин во Битола, а во тек е постапката за реконструкција и на Стив Наумов.

Денес младите во РСМ ги уживаат благодетите од мерките коишто Владата на СДСМ ги имплементира и ќе продолжи со современи европски младински политики да го подобрува животот на младите во државата, рече  претседателот на СДММ Битола  Петар Николовски.

Share.