За 11 дена низ битолскиот регион вакцинирани 2002 лица

Од почетокот на теренската вакцинација во битолскиот регион заклучно со вчера за 11 дена вакцинирани се вкупно 2002 лица, информираат од Здравствениот дом кој ја спроведува и теренската вакцинација на населението.

До вчера посетени биле 88 населени места, а до крајот на планираната имунизација остануваат уште 15.

Вчера беа вакцинирани 64 лица и тоа во Ореово 12, во Маково 13, во Рапеш 12, во Зовиќ 3, во Старавина 7 и во Градешница 17.

Денеска теренската вакцинација продолжува во:

с. Ѓавато од  08 – 09  часот  (во училиште)

с. Маловиште од  09 – 10 часот (во училиште)

Вчера во вакциналниот пункт во Битола биле вакцинирани 1578 лица, од кои најмногу за ревакцина, а помал ден за вакцина со прва доза.

Сподели