За 41 милион евра ЕЛЕМ ќе набави механизација за РЕК Битола

0
712

АД „Електрани на Македонија” денеска објави тендер за купување помошна механизација за РЕК Битола. Како што велат од таму ангажирањето надворешна помошна механизација при ископот е еден од главните трошоци на АД ЕЛЕМ, затоа што за таа услуга ЕЛЕМ постојано им плаќа на надворешни фирми, бидејќи сопствена механизација-нема.

„Од тие причини, ние како државна компанија за производство на електрична енергија, планираме да набавиме сопствена и да ставиме крај на трошоците кои со години наназад го ослабнувале ЕЛЕМ, а преку ЕЛЕМ-и државата, како сопственик на АД ЕЛЕМ“, изјави денеска генералниот директор, Драган Миновски.

Со овој тендер се планираат 8 хидраулични багери-ровокопачи, 9 булдозери, 2 грејдери,3 автодигалки, 3 утоварувачи, 2 комбинирани градежни машини-скипови, 4 телескопски чистачи на транспортни ленти, 2 цистерни за вода, 3 товарни возила со хидраулична рака за кревање и превоз на товар и 8 камиони-дампери со носивост од 30 тона. Вкупно – 44 парчиња механизација.

„Ова е целата помошна механизација што му е потребна на РЕК Битола за да не ангажира повеќе надворешна. За последните 5 години за ангажирање на надворешни фирми ЕЛЕМ платил 212 милиони евра. Сумата сама по себе кажува се. Ние сега планираме за 41 милион да ја купиме целата потребна механизација и да копаат нашите работници “, додаде Миновски.