ТЕРА

REKLAMA???

ЗБИРКАТА ПОЕЗИЈА „ЛИРСКИ ЕЛЕГИИ“ ДОБИ СВОЈА АНГЛИСКА ВЕРЗИЈА

Наградуваната збирка поезија „Лирски елегии” на авторот Александар Трајковски, покрај својата македонска верзија конечно ја доби својата англиска „Lyric Elegies“ со превод и англиска лектура на Зорица Врчковска. Истата беше објавена на повеќе платформи за книги на англиски јазик.

„Лирски eлегии” е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на aBarnes & Noble, ланец од книжарници ширум САД, Apple Books, Smashwords и други платформи за литература во печатен и дигитален облик. Збирката може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон.
Македонското издание на книгата со лектура на Христијан Аџиоски беше објавено во 2021-та од издавачката куќа „Дата песнопој“.

Александар е дипломиран доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, од 29 јуни 2021 година, официјално станува редовен член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА (МНД-Битола).

Автор е на повеќе објавени и необјавени книги (поезија за возрасни и деца). Двете книги со поезија за возрасни, со наслови “Лирски елегии” и “Поеми од Балканот” му се објавени од издавачката куќа “Дата Песнопој”, меѓудругото преведени на над 10 светски јазици.

Збирката поезија за најмладите читатели со наслов “КРАТКИ ПОЕМИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ БОЕМИ” е објавена од првиот независен издавач во Македонија (1987) “ЃУРЃА”, со нејзин основач Никола Костески, а директор и главен уредник Ѓурѓица Костеска-Андонова. Авторот за своите книги очекува објективна критика и да остават силен печат во профилирањето на новите и релевантни теориско-методолошки концепции на книжевноста, во сите нејзини носечки видови: поетскиот пред се’, но и во раскажувачкиот, драмскиот и есеистичкиот.

Преведувал на романски јазик литературни  дела од истакнати современи македонски писатели и преведувал за реномирани книжевни организации, како што се Струшките вечери на поезијата.