Зголемена побарувачката на јагнешкото месо пред Велигден

0
569

На три дена до Велигден јагнешкото месо во битолските месарници се продаваше по 340 денари за килограм. Од месарницата Рудо јагне во Битола велат дека се задоволни од побарувачката, и чекаат зголемување на продажбата во следните два дена. Годинава за разлика од минатите години имале и муштерии кои барале по цело јагне или пак поливина.

Велигден е празник кој се карактеризира со големи, богати трпези, со јагнешко и со вапцани јајца. Таква ни е традицијата, велат муштериите. Задоволни се од цената, на јагнешкото, купувале во зависност со колкав буџет располагале.

Граѓаните освен што купуваат јагнешко, купувале и свинско месо. Неговата цена се движи од 260 до 320 денари за килограм.

Како и да е. Дали со свинско или со јагнешко, граѓаните ќе го одбележат најголемиот православен празник Велигден. Некои побагато некои поскромно.