ТЕРА

REKLAMA???

ЗГОЛЕМЕНА ЦЕНАТА ЗА ВОДА И КАНАЛИЗАЦИЈА

За 2 денари и 68 дени се зголемува цената на водата за граѓаните од битола. Наместо досегашните 31 денар и 78 дени ќe се плаќаат 34,46 денари по кубик искористена вода.

Регулаторната комисија за енергетиkа водни услуги и управување со комунални услуги пресекла  решение на 13 јуни оваа година  и ја одредиле цената за кубик вода за период од  две годоини – од јули 2024 до 2026 година.

Во точка 1 се вели  дека „на ЈКП „Водовод“ Битола се утврдува регулаторна тарифа за  водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување и тоа

  1. за 2024 година – за категорија домаќинства во износ од 34,46 ден/m³;
  2. – за категорија останати во износ од 57,55 ден/m³.  “

Според решението примената на новите цени за битола треба да започне од 1 јули 2024 година.

Потврда за ова има и на страната на ЈКП „Водовод“ .

Со промента на цената на водата истовремено се зголемува и цената на услугите од ЈКП „Нискоградба“.

Според одлуката на РКЕ  за 1,41 денар, па така, од досегашните 13,32 денари за метар кубен собрани и одведени отпадни води, сега ќе се плаќа 14,73 денари за кубен метар одведени отпадни води.