Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во кои учествувале малолетници

Со затоплувањето на времето зачести и користење на велосипедите ,велосипедите со мотор,мопеди,трицикли,четирицикли. Последниот период се зголемени сообраќајните незгоди во кои учесници се малолетни лица, секојдневно во полицискиот билтен има по еден настан со малолетник учесник во незгода. Токму затоа, бидејќи децата се најранлива категорија, од СВР Битола апелираат до родителите да не им купуваат мотоцикли на своите малолетни деца, повеќе да внимаваат и да разговараат со нив бидејќи доколку не се почитуваат препораките и правилата во сообраќајот, ризиците по здравјето и животот се големи.

Секторот за внатрешни работи Битола во делот на сообраќајот како најчести причини за сообраќајните незгоди ги бележи неприлагодена брзина на патот и првенство на минување.
Од извршената анализа на безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола во последните четири години (2017-2020 година), имало вкупно 9 загинати возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли или четирицикли а во истиот четиригодишен период имало и 69 возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли или четирицикли кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Мотоциклистите спаѓаат во групата учесници во сообраќајот кои најмногу се изложени на опасности во сообраќајот со исклучително висок ризик за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода.
Ова се однесува на дел од моторциклистите, претежно на помладите возачи на моторцикли, кои со голема брзина управуваат мотоцикли, ја игнорираат законската обврска за користење на заштитен шлем (кацига), како за возачот така и за сопатникот, управуваат мотоцикл и разговараат на мобилен телефон или со сопатникот. Сето ова значи опасно одвлекување на вниманието на возачот од безбедното управување на мотоциклот и сериозна опасност за предизвикување сообраќајна незгода. Покрај ова, евидентно е дека, еден голем дел од помладите возачи на моторцикли, вршат непрописно претекнување, не даваат првенство на минување на останатите ранливи категории учесници во сообраќајот, воопшто не користат заштитна опрема итн. Иако користењето на оваа заштитна опрема не е задолжително со Законот за безбедност на патниот сообраќај сепак употребата е препуштена на свеста и одговорноста на моторциклистите.
Од почетокот на годината на подрачјето на СВР Битола спроведени се 6 Републички акциски контроли2 регионални акциски контроли и 6 Локални акциски контроли за прекршоци сторени од страна на возачи на мотоцикли, мопеди ,трицикли,четирицикли.
Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат максимално сообраќајните правила и прописи,да се почитуваат препораките и советите на полициските службеници се со цел нивна безбедност и безбедност на сите граѓани,пешаци,минувачи,а пред се децата и повозрасните минувачи.
СВР Битола продолжува и во следниот период да спроведува зачестени акциски контроли од областа на сообраќајот.

Сподели