Здравството во Пелагонија

0
598

Еден лекар на скоро 800 жители. Таква е ститистиката за Крушево. Во Прилеп пак
статистиката вели дека има еден лекар на нешто над 400 жители. Очигледно
најповолна е ситуацијта во Битола каде еден лекар е на скоро 270 жители.

Во 2015 година најмалку специјалисти имало во Крушево само 3. Во Демих Хисар
иако мала општина бројот на специјалисти е 15, но заради фактот што
таму се наоѓа психијатриска болница.

Здравствени домови има во речиси сите пет града, служби за општа медицина
најмногу во Битола 60, по 5 во Демир Хисар и Крушево, Медицина на трудот
нема во Ресен, Демир Хисар и Крушево.

Служби за заштита на дета од предучичишна возраст има во сите  градови, а служба за заштита на училишна младина нема само во Крушево
и Демир Хисар. Служба за здравствена заштита на жени нема само во Крушево.
Во секундарната здравствена заштита клиничка болница има само во Битоа, а
општа волница во Прилеп. Центри за јавно здравје во Битола и Прилеп,
Центри за лекување и рехабилитација има само во Битола и Ресен, а
Специјални болници за градни болести и туберкулоза нема во ниту еден град.
Специјална болница за душевни болести има само во Демир Хисар.


Најголема стапка на смртноста во 2015 година има кај болестите на
циркулаторен систем, и таа е најголема во помалите средини. Најмногу во Демир
Хисар, па во Ресен и нешто помалку во Крушево. Најмалку во Битола, а на
претпоследното место е Прилеп.

Кога станува збиор за неоплазмите на прво место по смртност е повторно
Демир Хисар, Ресен , Прилеп па Битола,  а најмалку смртни слуачи во Крушево. Кај
болестите на респираторниот систем на врвот е Крушево, па Демир Хисар,
Прилеп, Ресен и најмалку случаи во Битола.

Стапката на смртноист кај доенчињата најголема е во Битола. Во 2015 година 12
случа, во Прилеп 11 починати доенчиња, едно во Ресен, а нема случаи во Крушево
и Демир Хисар.

 Во 2015 година најмногу заразни заболувања имало во Битола, на второ
место е Прилеп, а најмаку заразни заболувања имало во Демир Хисар.


Според големите на градовите најмногу здравствни осигуреници во Битола,
Прилеп, најмалку во Ресен.

Овој вид податоци овозможува и правење на споредбени анализи не само за овие девет општини од Пелагонија, туку и за останатите од Македонија. Анализата за Пелагонискиот регион ја праше МКЦ Битола во рамите на проектот за „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија со финансиска поддршка од Европската Унија.