Деновиве во Ресен се одржаа 27-те Регионалните спртски игри на пензионери, организирани од Сојузот на здруженијата на Македонија. Домаќин беше Здружението на пензионери Ресен.

На регионалните спортските игри учествуваа Здружението на пензионери Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен од третиот регион.
Здружението на пензионери Битола освои десет први места и стана екипен победник на регионалните спортските игри во третиот регион.

Освоените први места се во следните дисциплини:
– трчање на 80 м. мажи до 60 години
-трчање на 80 м . мажи над 60 год.
– трчање на 60 м. жени над 60 год.
– Кошарка мажи
– Шах жени
– Шах мажи
– Пикадо мажи
– Домино мажи
– Табла мажи
– Ѓуле жени
Победниците ќе учествуваат на Републичките споттски игри кои ќе се организираат наскоро.

И покрај тоа што спортските игри значат дужење на пензионерите, активно стареење, сепак освојувањето на 10- те први места значи голем успех за битолските пензионери, а тоа е резултат на учеството на поголем број пезионери, транспарентно објавеното известување, оддржаните подготовки и извршената селекција од страна на престседателот на на комисијата за спорт.













