Предлог програмата за работа, Предлог финансискиот план и Предлог Програмата на Надзорниот одбор на Здружението на пензионери Битола за 2025 година беа предмет на расправа пред членовите на Собранието, претседателите на месните ограноци и претседателите на комисиите на седницата одржана на 25.12.2024 година.
Седницата ја отвори и водеше заменичката на претседателот на Собранието Вера Горшевска.
Претседателката на Извршниот одбор Даница Петличкова образложувајќи ја Програмата пред присустните истакна дека наредната година Здружението на пензионери Битола во 2025 год. своите активности ќе ги насочи кон реализација на целите и задачите предвидени со Законот за здруженија и фондации и Статутот на здружението.

Имено ке продолжи со грижата за остварување на правата на пензионерите од пензиското, инвалидското, социјалното и здравственото осигурување.
Финансиски ке се подржуваат пензионерите заболени и лекувани од потешки заболувања согласно Правилникот.
Во следната 2025 година ќе се продолжи со давање хуманитарна помош и донации на пензионери со ниски пензии, изнемоштени самци и други лица.
Ке се посредува при набавка на дрва, пелети и прехрамбени продукти по пониски цени и плаќање на повеке рати истакна Петличкова.

Таа додаде декa Здружението ќе ги продолжи договорите со двете битолски лабаратории за бесплатна лабораториска анализа на шеќер во крвата, триглицериди, холестерол и бесплатно мерење на крвен пристисок со што, ќе потврди дека се води грижа за секој пензионер.
За 2025 год се планира да продолжи организирање на пролетните и еесенските еднодневни екскурзии.
Пензионерите во наредната година ке учествуваат на регионалните и републичките спортски натпревари како и на регионалните и републичките ревии на музика песни и игри за 2025 год организирни од СЗПМ”, нагласи Петличкова.
Здружението на пензионери ќе продолжи да соработува со Општина Битола за отстапување простор во месните заедници за клубови на пензионерите во повеќе месни заедници каде има услови за тоа, иако оваа година се купени три простори за пензионерски клубови кои се во трајна сопственост на здружението истакна Петличкова.

„Во 2025 година ке се одржуваат едукативни работилници за заштита од семејно насилство и дискримнација што подразбира исклучување, разликување и ограничување, вознемирување со доследна примена на Законот”, рече Петличкова.
ЗП – Битола ќе се залага за заштита на човековата околина,волонтерски ќе се вклучи во активностите унапредување на животната средина во соработка со надлежни органи, со подготвување на промотивен матерјал за подигање на свеста за зачувување на здрава околина,пошумување и други активности.
Планирани се обуки за дигитална писменост ( компјутерско описменување, користење на платежни картички кредити и др.)
Согласно активностите на здружението, планирани во Програмата и расположивите финансиски средства изготвен е финансискиот план за 2025 год. истакна Петличкова
Програмите беа едногласно прифатени.
На крајот на сите членови Здруженеито на пензионери од Битола , Новаци и Могила им посака добро здравје, среќа и подобар животен стандард во 2025 година.












