ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ПРЕНАМЕНА НА СРЕДСТВА ВО РАЗВОЈНАТА ПРОГРАМА

Битолските советници дадоа зелено светло за пренамена на дел од средствата од Развојната програма на Општина Битола за 2022/2024 во Развојната програма за 2022 година. Средствата се за изградба на новиот парк во Нова Битола. Во изградбата ќе бидат вклучени трите јавни претпријатија од градот Нискоградба, Водовод и Комуналец.

„Во Развојната програма за 2022/2024 од годишната програма која што беше за уредување на градежното земјиште за 2022 година, паркот кој што ќе се гради во Нова Битола се става во развојната програма, бидејќи дел од средствата ќе бидат искористени оваа година, а дел во 2023 со цел проширување на средствата и таму да се започне со градежни активности се става во Разојната програма на Општина Битола. Таму има висинска разлика на земјштето, има веќе план спроведено општината заедно со јавните претпријатија, најпрво ќе започне Нискоградба на теренот со цел да се направи нивелација на теренот, подоцна тука ќе работат ЈП Водовод, а потоа ЈП Комуналец. Оваа градежна сезона ќе се започне со градежни активности со цел граѓаните да добијат нов парк во Нова Битола и ќе можат сите да го користат“, рече Бојан Бојксокси, советник од ВМРО ДПМНЕ .

Нискоградба треба прва да излезе на терен за да направи нивелација на теренот.

„Се работи за Новиот парк во Нова Битола и со ова завршуваат сите обврски на Советот коишто треба да се изгласаат за да се започне со изградбата на Новиот парк во Битола, и очекуваме дека во најбрз временски рок тоа ќе почни да се реализира, бидејќи нема пречки со што тоа не би се направило. Секое не исполнување на она што ќе го изгласа Советот, повлекува одговорност и ние како советници ќе бараме надлежните да ги исполнат. Доколку не ги исполнат, нема да имаат поддршка, меѓутоа ќе бараме одговорност и во секој поглед на нивната работа “, рече Габриела Илиевска, претседател на Совет.

СДСМ и коалицијата  ја подржаа оваа одлука, но поставија и прашања:

„Ние даваме поддршка, зелени површини и паркови треба и мора да има, прашањето е дали ќе се опфати цела површина, бидејќи знаете дека таму има проблеми околу експропријација и сопственост на земјиште итн, прашањето наше ќе биди дали ќе биди на цел опфат како што го имаа предвидено, како што ветија на 25 илјади метри квадратни, цел појас, или само на дел . Дел кои што ги правеа снимките и рекламите на Општина Битола се работи само за опфат десно од патот кој што го имаат на таа зелена површина, советниците не уверуваат дека тоа ќе биде на цела зелена површина,“, рече Борче Корлевски, советник од СДСМ.  

Поддршка дадоа и од Левица:

„Околу развојната програма се пренаменети средства за паркот и за неколку улици, ќе ја поддржиме таа точка на дневен ред бидејќи мислиме дека е добро за градот доколку се исполнат оние критериуми што се тргани како средства на Општина Битола“, рече Горан Велевски, советник од Левица.  

Паркот како што беше најавено во април месец треба да биде готов до есента 2023.