ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА САНАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ ВО СПОРТСКАТА САЛА

Пред членовите на Комисијата за јавни и комунални дејности се најдоа измените на Програмата за развојни планови на општина Битола за 2023-2025 година.

Претставникот на општинската администрација објасни дека измените се прават за нови активности во спортската сала Боро Чурлевски, односно санација на системот за греење.

„Со сите анализи кои што се извршија во изминатиот период се виде дека греењето во спортската сала не е во добра кондиција, мислам на системот за греење. Тој систем треба да се оспособи бидејќи е оштетен и треба да се вградат и некои рекуператори со цел да се постигне потребната температура во салата. Во развојните планови во точка 30 се додава нова развојна програма санација на систем за греење во спортската сала со вкуна вредност од 10 милиони денари, распределени во три години. 100 илјади денари во 2023 година, 5 милиони во 2024 и 4,9 милиони во 2025 година“ рече Маријана Спасевска-раководител на одделението за комунални дејности.

Рече дека ваква мора да биде распределбата со цел да може да распишат јавна набавка и да ја започнат постапката. Објасни од каде ќе бидат обезбедени тие 100 илјади денари.

„Овие 100 илјади денари кои што ни беа потребни во 2023 година за санација на систем за греење, се земени од реконструкција на коловоз на улица „Стив Наумов“. Имено таму во 2023 година имавме 3 милиони денари, сега на ставката се 2,9 милиони денари, а тие 100 илјади денари се префрлени во 2024 година заради начинот и динамиката на реализација и плаќањето. Со улицата „Стив Наумов започнуваме во текот на наредната недела, така што сите активности кои што ќе се преземат и со начинот на плаќање, овие средства ќе ни бидат сосема доволни за оваа година“ вели Спасевска.

Греењето како што рече таа ќе биде на пелети.

„Во моментот работиме на оспособување на системот за пелети, бидејќи целиот систем е оштетен. Од мониторингот што е направен по таваните, секаде каде што врви системот, се утврди дека има големи оштетувања. Сега во овој момент ќе го оспособуваме постоечкиот со вградување на рекуператори, меѓутоа ќе оди, гледате дека и средствата ги имаме поделено во три години, значи ќе оди фаза по фаза, се со цел да може да ги даде потребните резултати во перидото кој што следи“ обрасни таа.

Измените беа изгласани со четири гласа „За“. За ова ќе треба да се произнесат советниците на пленарната седница в понеделник.