ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ: РУСИЈА ЈА ЗАПОЧНА БИТКАТА ЗА ДОНБАС

Командата на украинските вооружени сили денеска соопшти дека забележала знаци кои укажуваат дека Русија ја започнува очекуваната нова офанзива на истокот на земјата, зголемувајќи го интензитетот на нападите во делови од регионите Доњецк и Харков.

Во објава на Фејсбук, Командата на вооружените сили исто така наведе дека главните воени сили на Русија се концентрирани на преземање контрола врз целиот регион Доњецк и Луганск.

Украинските медиуми објавија дека имало силно гранатирање долж линијата на фронтот во регионот на Доњецк во Маринка, Славјанск и Краматорск.

Претседателот Володомир Зеленски рече дека Русија ја започнала „Битката за Донбас“ во источна Украина и „многу голем дел од целата руска армија сега е фокусирана врз оваа офанзива“. „Без разлика колку руски војници ќе испратат таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме“, вети Зеленски во видео-обраќање