Вчера мирно и масовно заврши протестот на земјоделците во Атина, кои нивните трактори, над 150 ги оставија паркирани пред грчкиот Парламент.
Паралелно со протестот во Атина, земјоделците од северна Грција симболично и периодично попладнево ги блокираа и граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија.
Вниманието на грчката јавност, беше насочено кон Атина, каде што земјоделците одржаа неколку часовен протест пред Парламентот, добија поддршка од синдикатите, од разни здруженија, но и од студентите, а според процените на полицијата учествуваа околу 10.000 демонстранти.
Земјоделците одржаа говори и ги претставија нивните барања до Владата, односно намалување на трошоците за производство, пред сè со намалување на цената на струјата, но и ослободување од данок за земјоделската нафта.
МИА












