Земјотрес во близина на грчкиот остров Родос

0
304

Продолжува серијата на земјотреси на грчкото крајбрежје кои се последица на поголемиот земјотрес ова лето. Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во близина на грчкиот остров Родос.

Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил во морето североисточно од островот.

Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.