Земјотрес во Велика Британија

0
411

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југозападниот дел на Велика Британија, соопшти Британскиот институт за геолошки истражување.

Според експертите, ова е најсилен земјотрес регистриран во Велика Британија во последниве неколку децении.

Епицентарот на потресот бил на 20 километри северно од велшкиот град Свонси, а тој се почуствувал во Велс и во југозападните делови на Англија.