Земјотрес во Грција

0
372

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран во Грција по полноќ во петокот кон сабота.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море, на 95 километри југоисточно од Солун.

Земјотресот е забележан во 00:20 по полноќ на длабочина од 10 км. Епицентарот е 95 километри југоисточно од Солун и три километри југоисточно од градот Пефкохори. Во 1:34, е регистриран втор земјотрес со јачина од 4.1 по Рихтер.