Земјотрес во Иран

0
167

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер го погоди југозападот на Иран, соопшти денеска националниот информативен центар за земјотреси.

Земјотресот се случил во раните утрински часови, а неговиот епицентарсе наоѓал на околу 160 километри северозападно од градот Шираз, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за материјални штети или евентуални жртви.