Земјотрес го разбуди Пловдив, потресот стигна до Источна Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Земјотрес го разбуди Пловдив во раните утрински часови околу 01.44 ч по бугарско време. Земјотресот се почувствувал и во соседните градови. Во моментов нема информации за штети и повреди, јавија бугарските медиуми.

Според првичните податоци, потресот бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала а епицентарот е меѓу Пловдив и Асеновград. Длабочината на земјотресот е 2 километри.

Земјотресот е чувствуван и во Софија, во Карџали, па дури и во Македонија според жителите на крајниот Исток и Делчево.

“Беше исклучително силен и ужасен, се слушна бум и куќата се затресе”, рекол жител на селото Крумово, што е најблиското место до епицентарот.

Половина час пред земјотресот во Пловдив, земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Тајван.

faktor.mk

Share.