Денеска попладне кај Битола е регистриран земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е регистриран во 15:42 часот. Епицентарот е на 10 километри југоисточно од Битола и на длабочина од 10 километри.
Вечерва е регистриран нов земјотрес кај Лерин, во соседна Грција. Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот со магнитуда од 2,3 степени според Рихтер, е регистриран во 20:35 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на 7 километри севроисточно од Лерин и на длабочина од 2 километри.

Подоцна во 21:43 регистриран е уште еден потрес кај Лерин со магнитуда од 2,1 степен според Рихтер.












