Земјотрес од 3,8 степени по Рихтер кај Дојран

0
233

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 5.2.2018 година во 10 часот и 13 минути регистрирше земјотрес чиј епицентар потекнува од дојранското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 15 км источно од Дојран во соседна Грција.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3.8 а беше почувствуван од населението во Дојран и околината со интензитет V степени според Европската макросеизмичка скала. Во Гевгелија, Валандово и Струмица со интензитет IV, а во Штип и останатиот дел на југоисточна Македонија со интензитет од III стрпени според истата скала.